На Техничкиот факултет – Битола одржан првиот академски час

15.09.2011

Со пригодна свеченост што се одржа на Техничкиот факултет – Битола означен е почетокот на новата академска година 2011/2012.

На првиот академски час студентите ги поздрави ректорот, проф. д-р Златко Жоглев кој во оваа пригода го нагласи и поводот: поздравот до сите бруциоши да биде испратен од Техничкиот факултет – Битола, една од најголемите единици на УКЛО која идниот месец одбележува голем јубилеј-50 години од основањето.  На свеченоста на која присуствувааа и проректорите на УКЛО,  на новата генерација студенти им се обратија и градоначалникот на Битола, Владимир Талески и деканот на факултетот проф. д-р Весна Ангелевска.

Во своето обраќање до студентите, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев ја нагласи успешната тридеценсика традиција, соработката со бројни универзитети во Европа и пошироко во кои УКЛО е активен учесник во бројни меѓународни проекти, нагласувајќи ги притоа можностите за мобилност на студентите и насоченоста на универзитетот  кон студентите и наоприте за нивна вклученост во креирањето на новиот високообразовен амбиент на УКЛО.

Scroll to Top