За прв пат прикажан документарен филм за македонскиот истражувач д-р Анастас Коцарев

20.09.2011

На пресс конференцијата  премиерно беше промовиран документарецот „Заборавени македонски  умови“ во кој  станува збор  за Македонецот д- р Анастас Коцарев, радиолог онколог кој соработувал со големата нобеловка Марија Склодовска Кири. 

Исклучителниот научен резултат и истражувачки напор на д-р Коцарев  само потврдува дека Република Македонија од секогаш имала човечки ресурси со истражувачки потенцијали. Во 1922 година професорот Анастас Коцарев од Охрид учествувал во лабараторијата за радиум на Марија Кири во Сорбона-Париз

Неговиот животен пат и научен успех благодарение на отстапената семејна архива од страна на внуката на д-р Коцарев, д-р Соња Коцарева Трпезановска, станува достапен до пошироката јавност и воедно можност за афирмација на неговите високи научни резултати во светски размери, за што сведочат бројни енциклопедиски записи. 

Scroll to Top