НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ 2011 „ОТВОРЕНИ ЗА НАУКА“

20.09.2011

Во ректоратот на УКЛО одржана е пресс конференција по повод  манифестацијата „  Ноќ на истражувачите“. Манифестацијата ќе се одржи во петок на 23 септември на плоштадот Магнолија, а Битола по трет пат ќе биде домаќин на саемот на отворено кој паралелно  ќе се одвива  во уште 320 градови од 32 европски  земји.

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола   е координатор на проектот  и негови   партнери се Музеј на Македонија, Меѓународниот одбор за размена на студенти од техничките науки- ИАЕСТЕ, Локален комитет Битола и Општината Битола.

Scroll to Top