НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ 2011 „ОТВОРЕНИ ЗА НАУКА“

26.09.2011

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по трет пат  беше домаќин на манифестацијата „Ноќ на истражувачите“. Настанот се одржа на 23 септември на плоштадот Магнолија, како своевиден саем на отворено, манифестација која  паралелно  се одвиваше во уште 320 градови од 32 европски  земји.

На mултимедијалниот настан беа претставени дваесетина изложувачи и доделени се наградите по распишаните Конкурси за најдобар есеј и ѕидна графика, на ученици од цела Македонија.   

„Ноќта на истражувачите“ беше збогатена со разновидна продружна програма меѓу која, посебно внимание предизвика премиерната промоција на документарниот филм „Заборавени македонски умови“ посветена на  проф. д-р Анастас Коцарев, радиолог онколог, кој соработувал со големата нобеловка Марија Склодовска Кири.

„Ноќта на истражувачите“ е настан од календарот на Европската комисија со цел  да им овозможи на младите истражувачи,  пред се студентите и професорите од високоообразовните институции како и на стопанствениците, да ги афирмираат своите трудови и да ги доближат до  пошироката јавност.

Scroll to Top