ОДРЖАНА ПРВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ЖЕНИТЕ И БИЗНИСОТ

03.10.2011

Научни трудови со значајни податоци за претприемништвото, менаџментот на малите и средни претпријатија од аспект на застапеноста и учеството на жените во нив, како и проблемите, односно улогата на жените во корелацијата: Универзитет- бизнис сектор и владини институции, беа дел од темите презентирани на Првата интернационална конференција – Жените и бизнисот,  во соработка со Тракија Универзитетот од Едрене, Република Турција и  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Од името на Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, поздравно обраќање имаше проф. д-р Јованка Тутеска, проректор за наука на УКЛО. Нагласувајќи ја важноста на конференцијата, особено релациите академија – индустрија, таа потсети на иницијативите за интеруниверзитетска соработка на сите нивоа, во духот на новиот модел на европски универзитет со отвореност кон компаниите и  општествената заедница.

На Првата интернационална Конференција – Жените и бизнисот активно учество зедоа 50-на учесници од Турција и Македонија. Договорот за соработка со Тракија Универзитетот од Едрене со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола датира од  2008 година во чии рамки се остварени бројни посети на делегации од двата универзитета меѓу кои е и Првата  интернационална Конференција – Жените и бизнисот.

Scroll to Top