КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО УКЛО

19.10.2011

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Службата за трансфузиологија и Црвениот Крст - Битола во петок, 21.10.2011 година организираат  крводарителска акција во која хуманоста ќе ја покажат крводарителите од јавните служби на: Ректоратот, Подрачната служба на Државниот архив, Противпожарната служба и Државното музичко училиште.

Мотото на крводарителската акција која се планира да прерасне во традиционална е: Вработените во јавните служби даруваат крв и спасуваат животи.

Крводарителската акција која ќе се одвива од 11.00 и ќе трае до 13.30 ч. во Ректоратот на УКЛО, е дел од планираните активности за одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот.

Scroll to Top