Презентација на стипендиските програми на DAAD

12.10.2011

На 12 октомври 2011, во просториите на Педагошкиот факултет, Германската служба за академска размена (DAAD) одржа презентација на стипендиските програми за студенти, академски кадар и истражувачи коишто се заинтересирани за студиски или научноистражувачки престој на некоја од високообразовните институции во Сојузна Република Германија.

Презентацијата се организира во соработка на Канцеларијата за меѓународна соработка на УКЛО со DAAD и со поддршка на доцент д-р Валентина Илиева, професор по германски јазик. На презентацијата присуствуваа студенти од единиците на УКЛО коишто имаа голем број прашања за г-ѓа Петра Сејди, претставничка на Канцеларијата на DAAD во Македонија и презентер на понудата на стипендии.

Scroll to Top