УКЛО вклучен во одржувањето на Седмиот Меѓународен Ататурк Конгрес

21.10.2011

На 20 октомври 2011 година, во просториите на Правниот факултет, дисперзирани студии Битола, се одржа последната сесија од Програмата на Седмиот Меѓународен Ататурк Конгрес, Скопје - Битола што од 17 до 22 Октомври 2011 година се одвива под покровителство на Н.Е. Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија и Н.Е. Абдулах Ѓул, Претседател на Република Турција, во организација на МАНУ и Истражувачкиот центар за Ататурк (АТАМ).

Во услови кога македонско – турските релации добиваат на интензитет, Ректорот на УКЛО проф. д-р Златко Жоглев, во својство на соорганизатор на Конгресот, го истакна местото што го зазема Битола, како седиште на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во релациите со Турција. Тој потсети дека големо значење во градењето на билатералните односи започнува со нераскинливата врска создадена од периодот кога таткото на модерна Турција своето образование, европски погледи за реформи ги оформувал во Битола каде што се образовал. Мустафа Kемал Ататурк бил голем пријател на македонскиот народ.

На Конгресот учествуваат повеќе од  250 еминентни научници од сите континенти. Меѓународниот конгрес за Ататурк ќе трае до 22 октомври и  првпат се одржува надвор од Турција.

Scroll to Top