Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј

25.11.2011

На распишаниот награден конкурс од страна на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола за најдобар истражувачки труд и есеј на слободна тема, конкурсните комисии по определување на критериумите за вреднување на пристигнатите трудови, донесоа одлуки за најдобрите остварувања.

Наградени се истражувачките трудови:

Прва награда - Анализа на факторите што влијаат врз инвестициите во основни средства во Република Македонија за периодот 1995-2007 година , со шифра Инвестиции, од авторот Анета Крстевска, Економски факултет – Прилеп

Втора награда – Како да се спојат високото образование и пазарот на трудот, со шифра т2304991к, од авторот Трајче Коцев, Технички факултет – Битола

Трета награда – Компаративни сознанија од изборните системи и предлог на нов изборен модел во Република Македонија, со шифра  Орвел, од авторот Мирче Трајчевски, Правен факултет - Кичево

Наградени се есеите:

Прва награда – Зборот е материја што не гние , со шифра Канин, од авторот Ивана Црнец, Ветеринарен факултет – Битола

Втора награда – Превртени слики, со шифра Поттик, од авторот Христина Колеска, Педагошки факултет – Битола

Трета награда – Големиот дизајн, со шифра Бескраен универзум, од авторот Влатко Таневски, Висока медицинска школа – Битола.

На свеченоста која по повод 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО ќе се одржи на 07.12.2011 година, во хотел Епинал – Битола, на наградените учесници на Конкурсот во категориите истражувачки труд и есеј,  освен плакети ќе им бидат доделени и парични награди.

Scroll to Top