Промоција на доктори на науки

06.12.2011

Во рамките на одбележувањето на Патронатот на УКЛО 8 Декември, на пригодна свеченост што се одржа на 06.12.2011 година, во  Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот Касарни – Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски"-Битола.

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:

1. Младен Караџоски – доктор на науки по јавна администрација, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, наслов на докторската дисертација: „Влијанието на претпристапните инструменти на Европската унија врз динамиката и квалитетот на прекуграничната соработка на Република Македонија“

2. Марика Матеска – доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторската дисертција: „Организираниот криминал во Република Македонија и методи за негово сузбивање“

3. Кристина Боцевска- доктор на науки од областа на економски науки, Економски факултет – Прилеп, наслов на докторската дисертација: „Развивање стимулативен систем за вработените во зависност од природата на работата“

4. Жанет Ристоска, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторската дисертација: „Тактичко – методски аспекти на дејствувањето на воените и полициските антитерористички единици на Република Македонија на територијата на РМ и во нивните мисии во странство во периодот 1995 – 2005 година“

5. Симона Палчевска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола, наслов на докторската дисертација:  „Курикуларни и вон – курикуларни основи за развој на компетенциите на наставниците во процесот на перманентното образование “

6.  Билјана Марковска, доктор по менаџмент во образованието, Педагошки факултет – Битола, наслов на докторската дисертација: „Ефектите од инклузивното образование во редовните основни училишта во Република Македонија“

7.  Гордана Димитровска, доктор на биотехнички науки, Факултет за биотехнички науки – Битола, наслов на докторската дисертација: „Компаративни испитувања на квалитетот на технологијата на автохтони биени сирења во мариовскиот регион“

8. Зоран Дрндаревски, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје,  наслов на докторската дисертација: „Екстремните ставови и однесувања на верски план во Република Македонија како елемент на загрозување на безбедносната состојба во државата (истражуван период 1998 – 2008 година)“

9. Жанета Сервини, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола, наслов на докторската дисертација:  „Модел на систем за поддршка на одлучувањето во домен на стратешкото планирање на одржливиот локален развој“

10. Рамона Маркоска, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола, наслов на докторската дисертација: „Менаџмент на информатичко – комуникациските технологии кај дигитални бизнис екосистеми во процесот на степенеста E-бизнис трансформација на малите и средни претпријатија“

Со денешната промоција на новите доктори на науки на УКЛО до денес докторирале 140 доктори на науки

Scroll to Top