ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКЛО

14.12.2011

Во рамките на одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО се одржа пригодна свеченост на која свое обраќање  имаше ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Осврнувајќи се на значењето на Патронот, Ректорот направи пресек на  развојниот период на УКЛО со нагласка на неговата денешна позиција. Тој истакна дека УКЛО денес е реномиран универзитет и благодарение на севкупните ресурси со кои располага како и перманентната грижа за студентите и условите за студирање, трасира нагорна линија и во идниот период.

Свеченоста беше збогатена со промоцијата на два исклучителни академски моменти со кои претседаваше ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Доделување титула почесен доктор на науки на м-р Хајнц Ринас, голем хуманист и пријател на Република Македонија и особено на УКЛО и доделување звање почесен професор на д-р Златимир Димчовски, истакнат научник и истражувач со светски глас којшто работи во истражувачкиот центар ЦЕРН во Женева.

Традиционално, на свеченоста, беа доделени наградите за најдобро дипломираните студенти во академската 2010/2011 година и за првпат беа доделени дипломи и парични награди на најдобрите учесници на нововостановениот  Конкурс за истражувачки труд и есеј.

Во рамките на чествувањето и одбележувањето на патронатот на УКЛО беа положени букети цвеќиња пред споменикот на Св. Климент.

Scroll to Top