ПРОМОЦИЈА НА ЕРАЗМУС ПРОГРАМАТА

20.12.2011

На 19 декември 2011, Секторот за настава, наука и меѓународна соработка во соработка со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на Еразмус програмата како дел од програмата за доживотно учење на Европската комисија на којашто се промовира повторното отворање на можностите за академска мобилност на студенти, академски и административен кадар од универзитетите во Република Македонија на универзитетите во странство.

На презентацијата, проф. д-р Никола Крстаноски, Еразмус координатор ги запозна присутните со досегашните остварувања на УКЛО во рамките на оваа програма, додека претставниците на Агенцијата, в.д. директорот Дарко Димитров и координаторот на Програмата за доживотно учење, м-р Јован Попоски ги претставија најзначајните елементи на Програмата и проектираните мобилности за Република Македонија коишто ќе бидат достапни од академската 2012/2013.

Презентацијата се одржа во просториите на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски ситеми со забележително присуство на студенти и претставници на академскиот и соработничкиот кадар од сите УКЛО членки.

Scroll to Top