СТИПЕНДИИ - МАСТЕР ПРОГРАМА ЗА БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА НА ФРАНКЛИН УНИВЕРЗИТЕТОТ

22.12.2011

Министерството за образование и наука на Република Македонија доделува 15 стипендии за универзитетски мастер студии по бизнис администарција на Франклин универзитетот од Колумбус, Охајо, САД коишто ќе се реализираат на Економскиот факултет во Прилеп. Заинтересираните кандидати треба да се примени на универзитетските студии од втор циклус за прв пат во прва година во академската 2011/2012 година и да не се корисници на други стипендии. За овие и останатите општи и посебни услови за конкурирање, како и роковите за пријавување, консултирајте за веб-страницата на Министерството за образование и наука на Република Македонија: http://www.mon.gov.mk/konkursimon/913--400-

Scroll to Top