ВМШ ДОБИ СОВРЕМЕНА ЛАБОРАТОРИЈА

09.01.2012

На Високата медицинска школа, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ Битола пристигна апаратура за опрема на хемиско-токсиколошко-броматолошка лабораторија. Таа ќе овозможи најсовремено изведување на вежбите на студентите по хемија, биохемија, токсикологија, броматологија и хигиена.
Лабораторијата, покрај за апликативна ќе се користи и за научно истражувачка дејност од повеќе научни подрачја.
 
Се оценува дека апликативниот потенцијал на оваа лабораторија е огромен и  ќе овозможи да се реализираат огромен број на анализи од интерес за здравјето на населението на Југозападниот регион на Република Македонија.

Scroll to Top