Германско – македонски проект за одржлив туризам

12.01.2012

Претставници од германскиот Универзитет за одржлив развој Еберсвалде гостуваат на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Во рамките на посетата (која завршува на 20 јануари 2012 г.) се реализира заедничкиот проект, германско - ¬македонска тренинг програма за професори, промотори од државни институции, од приватниот туристички сектор во Македонија и други експерти, со опфат на релевантни туристички теми за одржлив развој и во практичното делување.
Со оваа германско¬ - македонска соработка, се очекува во наредните две години да се обучат најмалку десет промотори кои ќе се стекнат со сертификат за менаџери за одржлив туризам.
Во рамките на проектот ќе се одржи  пресс ¬конференцијата на 18. јануари 2012 во 12:00 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид. повеќе

Scroll to Top