Потпишан договор за соработка со Југозападниот Универзитет од Благоевград

13.01.2012

Во рамките на  еднодневната посета на  Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија, во којашто учествуваа ректорот, проф. д-р Златко Жоглев  и проректорот, проф. д-р Сашо Атанасоски, беше потпишан  договор за академска соработка.
Договорот што го потпишаа ректорите проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Иван Мирчев промовира различни форми на академска соработка – учество во заеднички истражувачки проекти, организирање заеднички академски и научни конференции, симпозиуми, курсеви, предавања, студентски и докторски форуми,подготовка и превод на учебници, прирачници, размена на академски, административни кадри, студенти на додипломски и постдипломски студии, размена на публикации и издавање и публикување на заедничко научно списание, издавање заеднички дипломи и реализација на заеднички обуки со трети партнери.
Меѓуинституционалната соработка со овој универзитет датира од 1990 година, но во последен период ја карактеризира интензивна размена.

Scroll to Top