Сенатот на УКЛО ја одржа 100-та седница

18.01.2012

Одржана е 100-та јубилејна седница на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. По иницијатива на неколку професори - сенатори, седницата се одржа во Охрид, за прв пат надвор од Битола како седиште на универзитетот.
Ректорот, проф.д-р Златко Жоглев  истакна дека сенаторите и досега  носеа многу значајни одлуки за работата и развојот на УКЛО и помагаaт во обезбедувањето висококвалитетно образование, што е еден од приоритетите во работењето и функционирањето на УКЛО.
На седницата беа предочени и некои податоци поврзани со историјатот на УКЛО. Првата седница на Сенатот е одржана на 26.05.1999 година, кога сенатот броел 20 членови. Од формирањето до 2007 година одржани се 56 седници. По функционалната интеграција на УКЛО до денес одржани се уште 44 седници, со тоа што Универзитетскиот сенат брои 45 членови.
Во чест на јубилејот, студентите од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во рамките на практичната работа за Сенаторите подготвија коктел.

Scroll to Top