Лансиран ТЕМПУС 4

06.02.2009

Делегација од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во која учествуваа ректорот проф. д-р Златко Жоглев, проректорот проф. д-р Сашо Атанасоски и претставници од канцеларијата за меѓународна соработка присуствуваше на Националниот Темпус информативен ден.  УКЛО е партнер на Темпус програмата од нејзиното востановување и еден од активните учесници во проектите насочени во делот на реформите во високото образование,студиските програми и Болоњската декларација.            Со отворањето на новиот Конкурс за Темпус 4 програмата Република Македонија може да искористи 3,5 милиони евра, средства од регионалните претпристапни фондови за 2008 година.

Темпус е програма од Европската комисија за реформи на системот во високото образование во согласност со Болоњската декларација, која во Македонија функционира од 1996 година.


Scroll to Top