ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИСЕН РОК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ

16.02.2012

Врз основа на Одлуката донесена на 143-та седница на Ректорската управа одржана на 16.02.2012 година, во врска со Конкурсот за запишување на трет циклус-докторски студии (објавен на 14.09.2011 на веб страната на УКЛО и на 17.09.2011 во весникот „Дневник“), како и врз основа на Дополнувањето на Конкурсот (објавено на 28.12.2011 на веб страната на УКЛО и на 29.12.2011 во весникот „Дневник“) утврден е ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИСЕН РОК за запишување на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Техничкиот факултет, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, Економскиот факултет и Педагошкиот факултет.
Пријавувањето на кандидатите  ќе биде од 17.02.2012 до 29.02.2012.
Запишувањето на примените кандидати ќе биде во периодот од 05.03.2012 до 20.03.2012 година.

Scroll to Top