Започнаа со работа регионалните докторски студии по Претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија

09.03.2012

Дваесет и еден студент од Македонија, Албанија и Косово се  првата генерација докторанти на денеска промовираните регионални докторски студии по Претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија.

Студиската програма која ќе се изведува на англиски јазик се реализира во рамките на Темпус проектот, како еден од 14-те меѓународни проекти кои во моментот се реализираат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, нагласи ректорот, проф. д-р Златко Жоглев кој на свечената промоција по повод отпочнувањето со работа на студиите посочи дека овој наастан претставува исклучително значаен успех за Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, постигнат во делот на докторските студии. Тој истакна дека регионалната заедничка студиска програма за трет циклус студии по Претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ - Битола се остварува во соработка со: Универзитетот во Болоња-Италија, Автономниот Универзитет од Барцелона-Шпанија, Универзитетот во Ница- Франција, Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово-Р.Македонија, Универзитетот во Тирана -Албанија, Универзитет за Агрикултура од Тирана-Албанија и Универзитетот Дарданија во Приштина-Косово.

Со отпочнувањето со работа на овие докторски студии во заедничка корелација со неколку универзитетети од регионот интернационална димензија преку третиот циклус студии станува уште присутна на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,  и придобивките од нејзината реализација нема да му користат само на УКЛО, туку  и пошироко, со придонесат јакнењето на регионалниот развој.

Координаторот на проектот и директор на програмата, проф. д-р Марика Башеска Ѓорѓиеска нагласува дека студиите ќе се одвиваат на Економскиот факултет-Прилеп секој студент ќе добие уникатен начин на студирање, а Македонија ќе добие менаџери со највиски академски знаења, едукација и обука што ќе бидат во функција на поефикасно претприемништвои поефективно работење на малите и средни претпријатија.


Scroll to Top