Словачки стипендии за македонски студенти

19.03.2012

Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија  д-р Роберт Кирнаг на 19.03.2012 година го посети Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  и  со ректорот, проф. д-р Златко Жоглев оствари работната средба во насока на продлабочување на процесите на соработка, особено во делот на поволностите кои Словачката влада ги нуди за македонските студенти.  

Посетата на УКЛО Амбасадорот Кирнаг  ја продолжи на Педагошкиот факултет – Битола каде  одржа тематско предавање дека Македонци можат да студираат во Словачка под исти услови како и Словаците.

Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија  д-р Роберт Кирнаг истакна дека Словачка како модерна и отворена земја презема конкретни активности да ги привлече најдобрите македонски студенти и да им понуди словачки услови за престој и студирање.

Scroll to Top