Универзитетскиот сенат го усвои извештајот на Ректорот за работата на УКЛО

21.03.2012

На 103-та седница од Универзитетскиот сенат  на УКЛО што се одржа на 20.03.2012 година е усвоен Извештајот за работа на Ректорот и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2010 – 2012 година.

Претходно, Сенаторите го усвоија Извештајот за финансиското работење на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола за 2011 година, со што  овие важни документи, едногласно усвоени од Универзитетскиот сенат, ја опфаќаат и ја потврдуваат целокупната работата на УКЛО во  изминатата акдемска година.

Универзитетскиот сенат даде целосна поддршка и на Годишната програма за работа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во чија содржина се инкорпорирани бројни задачи и активности што се во насока на зајакнување на функционалната интеграција на Универзитетот, како и натамошно зголемување на квалитетот и ефикасноста во неговото работење, во функција на подинамичен развој.

Scroll to Top