Одржана работилница за квалитетно образование

13.02.2009

На работилницата на тема Обезбедување квалитет во високото образование во Македонија, организирана од Министерството за образование и Секторот за високо образование  во соработка со Светска банка учествуваа претставници од УКЛО.

Покрај ректорот проф д-р Златко Жоглев, проректорите проф д-р Сашо Атанасоски и проф. д-р Пере Аслимоски, учество зедоа претседателот и членoвите на Работното тело за интерна еваулација како и претставници од административниот персонал.

Работилницата Обезбедување квалитет во високото образование e во функција на зголемување на стандардите на универзитетите во државата.

Scroll to Top