Познати добитниците на наградата Владимир Костов

10.04.2012

На распишаниот награден Конкурс за краток расказ на слободна тема Владимир Костов, во две категории: за вработени и студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола, конкурсната комисија во состав: проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Јордан Стојаноски и писателот Петре Димовски, одлучи првата награда во категоријата вработени да ја добие расказот „Дрво на ветрот“,  под шифра 28 јули.

Двете награди во категоријата студенти ги добиваат авторите на расказите: „На пат“ под шифра Сократ и расказот со наслов „Црвениот фустан“, под шифра Читачот.

Наградите за најдобрите учесници на Конкурсот за краток расказ Владимир Костов, ќе бидат доделени на 25 април, по повод денот на основањето на УКЛО.

Scroll to Top