ПРОМОВИРАНИ ДОКТОРИ НА НАУКИ

24.04.2012

Во рамките на одбележувањето на25-ти април, Денот на основањето на УКЛО, на пригодна свеченост што се одржа на 24.04.2012 година, во Салата за состаноци на ректоратот во комплексот Касарни – Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

 

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:

 

  1. Лидија Стефановска – доктор на науки по јавна администрација, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, наслов на докторската дисертација: „Креирање на организациска архитектура и модели на лидерство за спроведување на организациска стратегија“
  2. Драги Наумовски – доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје, наслов на докторската дисертација: „Тактичко-методски аспекти на безбедносно-контраразузнавачките и разузнавачките служби во спречувањето атентат со посебен осврт на Република Македонија во периодот 1991-2005 година“
  3. Дејан Крстевски – доктор на економски науки, Економски факултет – Прилеп, наслов на докторската дисертација: „Користење на балансираниот приказ на резултатите како систем за стратегиско управување“
  4. Раман Исмаили – доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Цените како детерминанти на конкурентска предност на хотелските претпријатија во Охридско-Струшкиот регион“
  5. Лиза Чакареска – доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Спортскиот туризам и атрактивност на туристичката дестинација“
  6. Арбен Ода – доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Стратегиско управување – основа за успешно пазарно позиционирање на хотелските претпријатија во струшкиот регион“
  7. Халит Шабани – доктор на науки од областа на осигурувањето, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Улогата на маркетинг менаџментот во осигурителните компании со посебен осврт на Косово“
  8. Мислим Зендели – доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Организациско однесување во хотелските субјекти во Република Македонија“
  9. Тефик Халили – доктор на науки од областа на царината и шпедицијата, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Импликации и ефекти од избегнување на плаќање царини и даноци (евазија) врз буџетот на Косово“
  10. Јованка Поповиќ – доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Маркетиншки пристап во развојот на здравствениот туризам на Република Србија“
  11. Снежана Обедниковска – доктор на економски науки, Економски факултет – Прилеп, наслов на докторската дисертација: „Маркетинг истражување на малите фирми во функција на зајакнување на нивната конкурентска способност и случајот на Република Македонија“
  12. Африм Селимај – доктор на науки од облaста на осигурувањето, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, наслов на докторската дисертација: „Развој на маркетинг концептот во осигурителниот систем на Косово“

 

Со денешната промоција на новите доктори на науки на Универзитетот денес докторирале 152 доктори на науки.


Scroll to Top