УКЛО ОДБЕЛЕЖА 33 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

26.04.2012

Во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО, 25 Април, се одржа пригодна свеченост на која свое обраќање  имаше ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Нагласувајќи го повеќедецениското постоење и континуираниот развој на Универзитетот, нагласена е  интернационалната димензија на УКЛО обезбедена со вториот и третиот циклус студии.  

Академијата доби на значење со промоцијата на три исклучителни академски моменти. Доделување титула почесен доктор на науки на истражувачот Џонатан Елис, ЦЕРН, Женава, и промоција на двајца почесени професори меѓу кои д-р Џемал Талуг,ректор на Универзитетот од Анкара, Република Турција и Академик Горазд Росoклија, Колумбија Универзитет, Њујорк.

На свеченоста, беа доделени наградите за најдобрите кратки раскази по распишаниот Конкурс „Владимир Костов“ во две категории: студенти и вработени на УКЛО.

Чествувањето и одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО со своето присуство го удостоија делегации од земјата и од странство, меѓу кои ректорот на Универзитетот од Тракија, Стара Загора Иван Станков  и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ –Скопје, Велимир Стојковски. На настанот присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во својство на претставник од Владата на Република Македонија.


Scroll to Top