УКЛО ќе соработува со Универзитетот од Тракија, Стара Загора

23.04.2012

Во рамките на посетата на УКЛО, делегација од Универитетот од Тракија, Стара Загора, Република Бугарија, претставувана од ректорот, проф. д-р Иван Станков,  оствари средба со  ректорот, проф. д-р Златко Жоглев  и проректорите на Универзитетот.

Во рамките на постетата, потпишан е  договор за академска соработка.  Договорот го потпишаа  ректорите на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и  од Универзитетот од Тракија, Стара Загора, проф. д-р Иван Станков. Со официјализирањето на соработката се афирмираат  различни форми на академска кооперација – учество во заеднички истражувачки проекти, организирање заеднички академски и научни конференции, симпозиуми, курсеви, предавања, размена на академски, административни кадри, студенти како и  размена на публикации.

 Гостите од Универзитетот Тракија, Стара Загора присуствуваа на прославата по повод 25-ти Април, Денот на основањето на УКЛО.


Scroll to Top