РЕАЛИЗИРАНИ ИНТЕРЕСНИ ПРЕДАВАЊА ПО ПОВОД 33 ГОДИНИ УКЛО

25.04.2012

Во бројните  придружните манифестации поврзани со достојното одбележување на 25-ти Април, Денот на основањето на УКЛО, на 25.04. 2012 година, светски познатиот истражувач и научник, проф. д-р Џонатан Р. Елис, од ЦЕРН, Женева, кому што од страна на УКЛО му е доделена титулата почесен доктор на науки, за академскиот кадар и студентите на  Техничкиот факултет – Битола одржа предавање на тема: За сегашните истражувања во ЦЕРН, Европскиот центар за нуклеарни истражувања во Женева, што предизвика голем интерес.

Следниот ден, на 26.04.2012 година, промовираниот почесен професор на науки на УКЛО, Академик Горазд Росоклија,  од Колумбија Универзитетот во Њујорк, на Високата медицинска школа одржа исклучително интересна презентација за  најновите невролошки истражувања. Неговото предавање,  Неврологија на шизофренијата беше со поднаслов:Невронауката денес-предизвици

Академик Горазд Росоклија е познат како Македонец кој вложува силни напори во логистичка научно – истражувачка поддршка на кадри од нашата држава на Колумбија Универзитетот и во оваа пригода тој ги нагласи условите и можностите академски кадар и студенти од Република Македонија да се вклучува во значајни истражувачки проекти, на овој план.

Престојот во Битола и на УКЛО, почесниот професор Росоклија го искористи и за посета на Ректоратот на УКЛО, кадешто беше пречекан од ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.

Придружните манифестации во рамките на одбележувањето 33 години УКЛО, беа заокружени со предавањето на политичкиот аналитичар Љубомир Гајдов на тема „Република Македонијса пред и по самитот на НАТО во Чикаго, што се одржа на дисперзираните студии во Битола, од  Правниот факултет – Кичево.  


Scroll to Top