Спортски активности по повод Денот на УКЛО

26.04.2012

Во спортската сала “Павел Шатев“ и во студентскиот дом „Кочо Рацин“ одржани се спортски натпревари во  мал фудбал, шах и пинг-понг, по повод 33 годишнината од основањето на Универзитетот„Св.Климент Охридски“ – Битола.

Гости на манифестација беа студентите од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, и Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје.

На натпреварите, студентите од УКЛО беа подобри од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во дисциплините мал фудбал и пинг-понг, додека претставниците од Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје се покажаа како најуспешни шахисти. Претходно, во рамките на Универзитетската лига во мал фудбал на УКЛО, беше одиграно редовното осмо коло. Финалните натпревари од оваа лига се закажани за средината на месец мај. 

Со натпреварите и официјално е означен почетокот на Државните Универзитетски Лиги на Република Македонија.

Scroll to Top