УКЛО СО МАНИФЕСТАЦИИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

30.04.2012

Европското движење во Република Македонија, по повод денот на Европа, 9 Мај,  во соорганизација со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и општина Битола, на 30.04.2012 година организираа панел дисусија на тема „Европската интеграција низ локалната перспектива“.

На настанот, покрај неговата екселенција г-дин Аиво Орав, Амбасадор на  Европската унија во Република Македонија и г-ѓа Орхидеја Каљошевска, Раководител на секторот за странска помош и кординација на ЕУ фондовите во Секретаријатот за европски прашања, претставници од Европското движење во Република Македонија, учество зеде  ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и градоначалникот на општина Битола, г-дин Владимир Талески.

Во Панел дискусијата се отворени актуелни прашања поврзани со локалните предизвици и европската иднина на нашата држава. Настанот е дел од генералната програма на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, чие основно годинашно мото е „Европа за сите генрации“. Манифестацијата е оценета како придонес во залагањата за доближување на евроинтеграциските процеси кон граѓаните во Република Македонија, како и доближување на Република Македонија кон граѓаните на Европската унија.

Во рамките на прославувањето на Денот на Европа, во петок, 4.05.2012 година, нашиот Универзитет ќе партиципира во неколку престојни настани и манифестации. На Филозофскиот факултет – Скопје на тема: „Што Европската унија ќе ми донесе мене и на моето семејство„ студенти од УКЛО ќе се вклучат во дебата и ораторски натпревар, со што активно ќе придонесат во  одбележувањето на Денот на Европа, 9 Мај.

Scroll to Top