На саемот за образование УКЛО успешно претставен

02.05.2012

На традиционалниот настан, Саем за образование и кариера Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Битола настапи со посебен штанд.

Промоцијата на високообразовните единици и студиските програми што се оствари низ заедничко претставување, овозможи запознавање на присутните со севкупните услови за студирање на УКЛО.

Саемот за образование и кариера претставува современ начин за интеракција на  средношколците и сите заинтересирани за запознавање со образовната понуда на нашиот Универзитет, практичната обука и можностите за  вработување .

Саемот за образование и кариера се одржа на Скопски саем по 15 –пат, од 24 до 28 април.

Scroll to Top