АМБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА ГО ПОСЕТИ УКЛО

04.05.2012

Ректорот  на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев  имаше средба со Амбасадорот на Австрија, НЕ д-р Томас М Бајер којшто прв пат е во посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во текот на пријатната средба на која присуствуваше и проректорот проф. д-р Јованка Тутеска, гостите од Австрија предводени од Амбасадорот, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев го запозна со приоритетните активности врз кои е фокусиран Универзитетот. Притоа, беа разгледани можностите за унапредување на соработката во виското образование којашто датира од поодамна благодарение на соработката со неколку универзитети. Во моментот, Република Австрија  преку нејзини институции директно е вклучена во два активни меѓународни проекти во кои партиципира и УКЛО. Посебно е нагласен придонесот на УКЛО како единствен Универзитет во државата што располага со сопствена австриска библиотека, како значаен придонес во делот на изучувањето на германскиот јазик и културната соработка меѓу двете земји.

Во рамките на посетата, Амбасадорот д-р Томас М Бајер ја посети НУБ „Св. Климент Охридски“, придружна членка на УКЛО.

Scroll to Top