УСПЕШНО ЗАВРШИ ПРЕТПРИЕМНИЧКИОТ ВИКЕНД НА УКЛО

07.05.2012

Со исклучителни пофалби за организацијата и понудените бизнис идеи заврши претпремнички викенд којшто од 4 мај до 6 мај 2012 година се одржа на УКЛО, а  на кој студентите освен обука и изработка на бизнис план  ги споредуваа и бизнис идеите.

На прогласувањето на најуспешните присуствуваше и Министерот за образование и наука Панче Кралев кој ги додели диполомите за учесниците и ги врачи наградите на најдобрите. Најуспешен се покажа тимот од Ветеринарниот факултет – Битола којшто се претстави со бизнис  проектот „Хотел за миленици“, а во неговата изработка учествуваа студентите Зорица Марјановиќ, Еразмона Манговска, Ивана Црнец и Мартин Велиновски.

Ректорот, проф. д.р Златко Жоглев истакна дека на настанот учествуваа 14 тимови со 53 студенти и нивните ментори, со што УКЛО е единствениот универзитет што во претпремничкиот викенд ги вклучи сите свои единици и со тоа целосно го поддржа проектот што е во функција на  создавање креативните кадри.

Целта на настанот е да им се овозможи на студентите да се здобијат со поголеми знаења за тоа што значи да се биде претпремач како неопходност во секојдневното живеење и по завршувањето на студиите да бидат оспособени и охрабрени да отпочнат со сопствен бизнис. 

УКЛО и во иднина посебно внимание ќе посвети на истражувачките активности, за што е формиран Универзитетски истражувачки центар кој ќе биде посветен на истражувачката методологија во областа на природно-техничките науки, био-медицинските и општествените и хуманистички науки, нагласи ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.

Манифестација „Претприемнички викенд“ се одржа во рамките на владината кампања „Осмели се, направи го првиот чекор“.


Scroll to Top