Зимската Универзијада успешна за битолските студенти

24.02.2009

    На традиционалните универзитетски натпревари во алпско скијање екипата од нашиот Универзитет го освои третото место. Во силна конкуренција од 40 натпреварувачи осумчлената екипа од Универзитетот „Св.Климент Охридски” -Битола покрај екипното забележа и поединечни резултати.

   Зимската Универзијада  ја организираше Универзитетот  на Југоисточна Европа. На манифестацијата беа поканети и со свои екипи учествуваа пет универзитети од Македонија и од Универзитетот од Корча - Албанија.

Четвртите универзитетски натпревари во алпско скијање се одржаа на Попова Шапка.

Scroll to Top