Меѓународна Конференција за безбедност и евроатланските перспективи на Балканот

23.05.2012

На 25 и 26 Мај 2012 година ќе се одржи меѓународната Конференција на тема „Безбедноста и евроатланските перспективи на Балканот“.

Опфатот на тематските области треба да помогне во успешното соочување со предизвиците на безбедноста низ перспективите на евроатланските и евроинтеграциските процеси на Балканот.

Меѓународната конференција е во организација на повеќе високообразовни институции од регионот, меѓу кои и Факултетот за безбеденост – Скопје, единица во состав на УКЛО.   

Конференцијата ќе се одржува во хотел Белведере, Охрид.

Scroll to Top