Успешно спроведена третата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“

16.03.2009

И овојпат, во акцијата се вклучија студенти и професори од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во мартовската акција за пошумување, дел од факултетите ги уредуваа дворовите и засадуваа нови садници, додека другите се вклучија во акцијата за пошумување на локациите во општините кадешто е седиштето на факултетот.

На 55 локации во 30 општини низ државава беа засадени два милиона нови садници. Покрај организаторите, во акцијата за раззеленување на Македнија и јакнење на еколошката свест  се вклучија локалните самоуправи, невладини организации, ученици, општински организации на Црвен крст, јавни претпријатија...
Борис Трајанов, иницијатор на акцијата, задоволен е од одзивот на граѓаните и од досега реализираните пошумувања.

Инаку, оваа беше трета по ред акција за создавање на „зелената иднина на Македонија“.

Scroll to Top