Обезбеден нов квалитет во работата на Институтот за тутун во Прилеп

18.03.2009

НУ Институт за тутун од Прилеп го воведе системот за квалитет според стандардот ISO 17 025.

Добиената акредитација за четири од  лабораториите освен квалитет во  работата обезбедува интеграција на европските и светски стандарди при испитување на почвата, ѓубривата, тутунското семе и производите од тутун, вели директорот на институтот проф. д-р Кирил Филипоски.

Овој голем успех за Институтот е успех и за Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола изјави ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Тој  нагласи дека во тек е прокет за опремување на уште две лаборатотии во Научниот институт за тутун во вредност од 400 илјади евра.

Најстарата научна институција во државата и на УКЛО заслужува ваква поддршка за нејзина поуспешна партиципација во меѓународната стандардизација, нагласи проф. д-р Златко Жоглев, ректор на Универзитетот.

Научниот институт за тутун од Прилеп соработува со 40-тина меѓународни лаборатотии.

Scroll to Top