ПРИГОДНО ОДБЕЛЕЖАН НОВИОТ АКАДЕМСКИ ПОЧЕТОК

17.09.2012

Првиот академски час за новата генерација студенти на сите единици на УКЛО  започна на 17 септември 2012 година.

На првиот академски ден, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Златко Жоглев се обрати пред бруцошите по нутриционизам и право на дисперзираните единици во Битола.

Настанот се одржа во 11 часот во просториите нa Универзитетот, во зградата на поранешната Касарна, со што, пригодно е одбележан почетокот на новата академска година 2012/2013 за новозапишаните студенти на УКЛО.

Во своето обраќање до студентите, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев се осврна на неколку предизвици пред кои е исправен Универзитетот, потенцирајќи ги вредностите на единство, почитување и солидарност.

На новата генерација академски граѓани, Ректорот им укажа на значењето на образованието како една од човечките доблести исто како и стекнувањето знаења и им посака успешно завршување на студиите.

Scroll to Top