ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ДВЕ ЛАБОРАТОРИИ НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

22.10.2012

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Министерот за образование и наука, Панче Кралев на 20.10.2012 година предадоа во употреба две нови лаборатории на Техничкиот факултет – Битола, единица на УКЛО.

На настанот присуствуваа ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Весна Ангелевска.

Лабораторијата за сообраќај и транспорт е опремена со голем број модерни софистицирани компјутери на кои се инсталирани моќни софтвери кои ќе се користат во областа на сообраќајот и транспортот

Со отворањето на лабораторијата за изучување на странски јазици ќе се овозможи работа во помали групи и  примена на најсовремени наставни методи за стекнување на потребната јазична компетенција на студентите.

Двете нови лаборатории на Техничкиот факултет – Битола претставуваат дел од Владиниот проект за опремување на 190 лаборатории.


Scroll to Top