Промоција на лабораторија за учење на далечина на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид

22.10.2012

На Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, единица на УКЛО, промовирана е Лабораторија за учење на далечина. На настанот присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, Министерот за образование и наука, Панче Кралев и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев.

Лабораторијата за учење на далечина содржи најмодерна опрема за следење настава на далечина, вредна два милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука.

Од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид информираат дека опремата засега ќе се користи за потребите на дисперзираните студии на Факултетот за туризам во Велес и за соработка со останати високообразовнии установи.

На промоцијата е најавено дека со користење на лабораторијата, студентите  ќе може да следат наставата од која и да било локација ако имаат пристап до интернет мрежата и соодветен софтвер за поврзувување. Со помош на оваа опрема, на академскиот кадар и студентите им се овозможува остварување поквалитетна соработка.

Scroll to Top