Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски„ прослави 64 години од постоењето

26.03.2009

Одбележувањето на близу седум децениската работа на НУУБ „Св. Климент Охридски„ –Битола  збогатено е со издавање на Библиографија за Националната установа. Во постојниот развој на библиотеката посебно место имаат петстотините илјади монографски публикации кои Универзитетската библиотека ја позиционираат како важен чинител на културниот развој на пошироката јавност.

Јоланда Бошевска еден од авторите на Библиографијата потсети дека една година траело истражувањето за овој труд, кој според тимот вклучен во изработката остава простор за нови творечки предизвици.

НУУБ „Св. Климент Охридски„ –Битола  има статус на придружна членка во состав на Универзитетот.


Scroll to Top