Најдобри студенти од УКЛО остварија средба со Претседателот Иванов

29.10.2012

Претседателот на Република Македонија, НЕ Ѓорге Иванов се сретна со најдобрите студенти од УКЛО кои постигнале највисок просечен успех во втора студиска година.

На средбата кај Претседателот на државата, што се одржа на 29 октомври 2012 година, присуствуваа 30-на студенти од факултетите по општествени науки. Станува збор за студенти од Правниот факултет, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, Факултетот за Безбедност, Економскиот факултет, Педагошкиот факултет и Факултетот  за туризам и угостителство, единици на УКЛО.

Честитајќи им го досегашниот постигнат успех, Претседателот Иванов ги слушна нивните размислувања, идеи  како и предизвиците со кои се соочуваат. 

Целта на средбата е да се поддржи  креативноста и иновативноста кај студентите и   да им се даде поттик  да продолжат по патот на успехот.


Scroll to Top