Нова можност за упис на постидипломски студии на УКЛО

30.10.2012

Со цел, да им се излезе во пресрет на сите зинтересирани кандидати за запишување и студирање на постдипломски и специјалистички студии на УКЛО, Ректорската управа на 153-та седница донесе Одлука за објавување дополнителен уписен рок за втор циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Пријавувањето на кандидатите ќе се спроведува од 12-ти до 19-ти ноември, а запишувањето на примените кандидати ќе се реализира на 21 ноември 2012 година.

Според Конкурсот за упис на студенти на втор циклус универзитетски студии во акдемската 2012/2013 година, вкупниот број слободни места за едногодишни и двегодишни  студии изнесува 2305.

УКЛО годинава промовира уште една можност за поддршка на најдобрите студенти: пет проценти од најдобро рангираните на секоја студиска програма да бидат ослободени од плаќање за академската 2012/2013 година.

преземи конкурс


Scroll to Top