Акцијата „Ден на дрвото“ поддржана од УКЛО

22.11.2012

Во акцијата за раззеленување на голините која се реализираше под мотото “Спортски е да се сади“, се вклучија студентите и професорите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во пошумување коешто се реализираше во месноста во близина на селото Раштани, активно учество зеде и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев, којшто во оваа прилика, ја нагласи поддршката на Универзитетот во оваа благордна мисија.

Вработените на УКЛО, акцијата за пошумување ја  проширија и во дворот на спортската сала „Павел Шатев“. Во облагородувањето на овој простор, засадени се дваесетина садници од јасмин, јоргован и багрем.

Инаку, ова беше деветта по ред акција за пошумување на голините која се остварува под мотото „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Scroll to Top