ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКЛО

07.12.2012

Во рамките на одбележувањето на 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО, на 06.12.2012 година, се одржа пригодна свеченост на која свое обраќање  имаше Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Нагласувајќи ја 33 годишната богата едукативна дејност на УКЛО, Ректорот се осврна и на континуираниот развој на Универзитетот и неговиот придонес во севкупниот  развој на високото образование и науката во Република Македонија, нагласувајќи дека она што е реализирано во изминатиот период и она што денес се остварува на Универзитетот претставува одлична основа за нови достигнувања и успеси.

Универзитетеот, дополнително доби на значење со промоцијата на три значајни академски моменти, доделување звања почесени професори на д-р Алекса Бјелиш, Ректор на Универзитетот во Загреб, д-р Мајкл Дозер, научник од ЦЕРН Женава, и д-р  Петер Рау, германист.

На свеченоста, беа доделени награди за најдобро дипломираните студенти во академската 2011-2012 година како и награди за најдобрите остварувања на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.

Во рамките на чествувањето на Патрониот ден на УКЛО повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент, во Ректоратот на Универзитетот.

Scroll to Top