УКЛО НА 12-от САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА

10.04.2009

Меѓу  учесниците  на  саемот за високо образование и кариера се претстави и Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола.

“Во образованието е иднината на нацијата, во образованието е силата и моќта на човекот” - рече на отворањето на саемите на книга и либрографика и на образование и кариера премиерот Никола Груевски.

Претставници од УКЛО  во текот на четирите саемски денови  зедоа активно учество на голем број дебати, презентации и предавања.

Саемот беше прилика претставниците на УКЛО активно да се  вклучат во бројните дебати и тркалезни маси  за одредени прашања што тангираат теми како децентрализацијата во образованието, модернизацијата на високото образование преку докторски студии и особено универзитетската мобилноста како еден од клучните елементи од Болоњскиот процес.

Штандот на УКЛО предизвика интерес кај новоизбраниот претседател на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, ресорниот министер г-дин  Перо Стојановски кој ја потенцираше важноста на образованието за секој млад човек  и министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски.

На саемот, со промотивен материјал за наставните програми, учествуваа  37 државни и приватни високообразовни институции од Македонија и  од 13 други земји.

Scroll to Top