СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА

07.12.2012

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Златко Жоглев, придружуван од неговиот хрватски колега, проф. д-р Алекса Бјелиш, ректор на универзитетот во Загреб и професорите д-р Мајкл Дозер и д-р Петер Рау, оствари средба со Претседателот на државата, Н. Е Ѓорге Иванов.

Приликата беше искористена за да Претседателот на државата се запознае со одржаните свечености по повод одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО, а посебно со промоцијата во звањето Почесен професор (Professor Honoris Causa) – чин со којшто се вреднуваа академските, научно-истражувачките и општествените постигнувања на новите, еминентни носители на оваа висока дистинкција : д-р Бјелиш, д-р Дозер и д-р Рау .

Претседателот на државата, г-дин Ѓорге Иванов, искажа безрезервна поддршка за напорите на УКЛО да ја продлабочува и унапредува академската соработка, истакнувајќи дека низ ваквите релации се промовира и македонската наука, култура и традиција на меѓународен план.


Scroll to Top