ОДРЖАН ИНФО САЕМ НА УКЛО

18.12.2012

На 18 декември 2012 година, во големиот амфитеатар на Техничкиот факултет се одржа презентација и саемско претставување на европски партнери на УКЛО во рамките на ERASMUS MUNDUS Акција 2 програмите, како дел од промотивната кампања по земјите на Западен Балкан.

На настанот, претставници на Универзитетот во Варшава (координатор на SIGMA програмата) и Техничкиот универзитет од Вроцлав, Полска, Универзитетот во Гент, Белгија (координатор на BASILEUS програмата), Универзитетот во Лунд, Шведска (партнер во двете програми) и Универзитетот во Сараево, БиХ (ко-координатор на програмата JoinEUSEE) презентираа дел од академската понуда на своите универзитети како и општите услови за аплицирање во рамки на ЕМ програмите, во насока на нивно приближување до потенцијалните апликанти од УКЛО.

Можноста за on-line аплицирање на студентите, академскиот и соработничкиот кадар, за сите програми, е отворена до 1 февруари 2013, преку следниве web-страници: www.basileus.ugent.be и www.sigma.uw.edu.pl

Scroll to Top