УКЛО и Универзитетот во Ница со нови перспективи за соработка

07.02.2013

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, на 07 февруари 2013 година, оствари едночасовна средба со проф. д-р Стефан Нго Маи, проректор на Универзитетот во Ница, задолжен за стратегија и развој. Во текот на средбата стана збор за повеќе прашања коишто се од интерес за соработката помеѓу двата универзитети : продолжувањето на рамковниот договор за соработка и партнерството во европските проекти TEMPUS, ERASMUS LLLP и ERASMUS MUNDUS. Дополнително, се иницираа и повеќе  специфични проекти како што се воспоставувањето на двојни дипломи во областа на економските науки, меѓународното  вмрежување на универзитетите што нудат едукација во областа на туризмот, идните проекти од интерес на педагошките факултети, учеството на студенти и кадри од УКЛО на летните универзитети во Ница и сл.

Посетата на проректорот Нго Маи доаѓа во период кога Универзитетот во Ница активно учествува во реализација на докторските студии на Економскиот факултет  во Прилеп во рамките на  TEMPUS DOCSMES проектот и особено е значајна заради фактот што тој ја има советодавната улога на  овој универзитете во поглед на долгорочната институционална стратегија што ги опфаќа и релациите со надворешните партнери на универзитетот.

Договорот со Универзитетеот во Ница, Софија Антиполис датира уште од 27 ноември 2003 година.


Scroll to Top