Промовирана Националната програма за практиканство и вработување

23.04.2009

Тридецениското постоење на Вториот државен универзитет во Република Македонија одбележано е со уште еден настан. Одржана е промоција и презентација на Националната програма за практиканство и вработување на УСАИД, Проект за конкурентност, чиј стратешки партнер е Универзитетот„Св. Климент Охридски„- Битола.

Во рамките на проектот, промовиран е и порталот www.mojakariera.com.mk преку кој се остварува линкот меѓу студентите, образовните установи и компаниите што нудат практиканска работа.

Проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Пере Аслимоски потсети дека програмите за практикантска работа се едни од најдалекусежните и успешни механизми за поврзување на образованието и пазарот на трудот, светот на знаењето и праксата што претставува еден од интересите на УКЛО како проактивен двигател на развојот на локалната економија и промотор на социокултурното окружување.

УКЛО подготвува програма поддржана со организациски и кадровски планови и друг вид техничка и кадровска помош  во напорите за инвестирање во знаења и  потребни вештини.

Scroll to Top